Британскиот парламент го отфрли вечерашниот предлог на премиерот Борис Џонсон за одржување предвремени избори на 12 декември.
Предлогот не го доби потребното двотретинско мнозинство бидејќи доби поддршка од само 299 пратеници, јавуваат медиумите.
Џонсон најави дека повторно ќе се обиде да обезбеди во парламентот изборите да се одржат во декември со доставување на предлог-закон за кој е потребно просто мнозинство.
Претходно денес, Европската унија се согласи да го одложи „Брегзит“ најдоцна до 31 јануари.
Џонсон во писмото до Туск го потврди одложувањето на „Брегзит“
Британскиот премиер Борис Џонсон му испрати писмо на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во кое го информира дека нема друг избор освен да потврди дека Велика Британија официјално се согласи на продолжување на рокот за напуштање на Европската унија.
Тој, сепак, рече дека одложувањето е „несакано“ и е „наметнато на оваа влада против нејзината волја“, пренесуваат медиумите.
Џонсон ги замоли преостанатите 27 членки на ЕУ „јасно да кажат дека понатамошното продолжување на рокот по 31 јануари нема да биде можно“.