Западот ризикува да влезе во нуклеарна војна бидејќи не разговара доволно со Русија и Кина, изјави денеска британскиот советник за национална безбедност Стивен Лавгроув.
Тој тврди дека светските велесили подобро се разбирале за време на Студената војна и дека недостатокот на дијалог ја зголемил можноста за погрешна пресметка, пренесе „Би-Би-Си“.
Тој додаде дека сме во „нова ера на ширење“ каде опасното оружје е лесно достапно.
Лавгроув зборуваше во Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон, фокусирајќи се на последиците од рускиот напад врз Украина и како што тој го нарече „лидерски натпревар во ерата по Студената војна“.
Тој рече дека, во текот на децениите на Студената војна, западните сили имаа корист од прерогативи кои придонесоа за „разбирање на советските доктрини и способности, а тоа е точно и во спротивна насока“.
– На двете страни им даде повисоко ниво на самодоверба, за да не погрешно пресметаме и да не влеземе во нуклеарна војна. Меѓутоа, денес ги немаме истите основи со оние кои можат да ни бидат закана во иднина, конкретно, мислам на Кина – рече Лавгроув.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.