Британски експерт тврди дека животот ќе се нормализира до пролет

Сподели со своите пријатели

По објавата на Фајзер за новата вакцина, сер Џон Бел, професор по медицина на Универзитетот во Оксфорд и член на британскиот антикорона кризен штаб, изрази верување дека „животот треба да се нормализира до пролет следната година“.

Loading...

Бел е познат како еден од најистакнатите британски медицински експерти, а неговите изјави и ставови имаат специфична тежина не само во Велика Британија, туку и во многу други земји, нагласува Би-Би-Си.

Тој изрази ентузијазам по објавата на фармацевтската компанија „Фајзер“ дека ефикасноста на вакцината се проценува на 90 проценти и додаде дека ќе има тешкотии во дистрибуцијата на новата вакцина, но оти тие тешкотии не се несовладливи.

Во интервју за Би-Би-Си на Радио 4, професорот Бел објави дека до крајот на годината и во првите месеци од следната година може да има „повеќе од една вакцина“ во Велика Британија.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply