Британската влада го крати финансирањето на BBC

Сподели со своите пријатели

Според „Мејл“, британската влада има намера да го намали финансирањето на Би-Би-Си, односно ќе нареди двегодишно замрзнување на таксата што гледачите ја плаќаат за гледање емисии.

Loading...

Владата на премиерот Борис Џонсон неодамна ја спомена потребата од реформирање на финансирањето на оваа јавна телевизија.

Замрзнувањето на цената на претплатата на сегашните 159 фунти ќе им даде одредено олеснување на потрошувачите поради инфлацијата, која се очекува да достигне највисоко ниво во последните 30 години во април.

Но, тоа би било и голем удар за финансиската структура на Би-Би-Си, која на пазарот се натпреварува со приватни компании како Нетфликс.

Коментари на политичарите

Опозицијата, односно Лабуристичката партија рече дека тоа е политички потег.

„Изгледа дека премиерот и министерката за култура намерно сакаат да и го отежнат животот на оваа голема британска институција бидејќи не им се допаѓа начинот на кој известува“, изјави пратеничката Луси Пауел, цитирана од Си-Ен-Ен.

Британските политички партии редовно ги критикуваат вестите на Би-Би-Си.

Loading...

Поддржувачите на Брегзит сметаа дека Би-Би-Си е премногу критичен за ова прашање.

Минатата недела, конзервативен пратеник рече дека известувањето на Би-би-си за забавите на Џонсон во Даунинг стрит за време на заклучувањето било „обид за државен удар“.