Британија во 2020 година забележала најголем пад на БДП во последните 300 години

Сподели со своите пријатели

Велика Британија во 2020 година забележа најголем економски пад во последните 300 години, соочена со последиците од пандемијата на Ковид-19, а падот на активноста беше многу поголем отколку во другите водечки светски економии, покажуваат ажурираните официјални податоци објавени во понеделник.

Loading...

Британскиот бруто домашен производ (БДП) падна за 11 отсто во 2020 година, објави во понеделникот Канцеларијата за национална статистика (ONS), што е најголем економски пад од 1709 година, според историските податоци што ги чува Банката на Англија.

Така, ONS ја ревидираше надолу својата претходна проценка за пад на економијата од 9,3 проценти во 2020 година, што беше најголем економски пад од Првата светска војна.

Новата проценка на ONS покажува дека во 2020 година, Британија ќе претрпи најголем пад на БДП од „Големиот мраз“ во 1709 година.

И пред оваа последна ревизија, британскиот економски пад беше најголем во 2020 година во рамките на групата развиени земји Г7, а најновата надолна ревизија го прави поголем од падот на шпанскиот БДП за 10,8 проценти.

Во меѓувреме, британската економија успеа силно да закрепне во 2021 година.

Сепак, брзиот раст на инфлацијата и последователно заострување на монетарната политика се закануваат дека економијата повторно ќе влезе во рецесија на крајот на годината.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.  

Loading...