Британија се соочува со најдолга рецесија досега

Сподели со своите пријатели

Каматните стапки во Велика Британија се зголемија од 2,25 отсто на дури три отсто, што е најголем скок на каматните стапки од 1989 година.

Loading...

Со овој потег трошоците за заемите се искачија на највисоко ниво од кризата во 2008 година, кога банкарскиот систем се соочи со целосен колапс.

Но, ова рекордно зголемување на каматните стапки започна уште во декември кога трошоците за живот во Велика Британија почнаа брзо да растат, што им отежна на многу домаќинства во оваа земја да ги покријат основните животни трошоци.

Рецесија се дефинира како најмалку два периоди од три месеци во кои економијата на една земја е во пад.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стармер се обидува да изгради „прагматични“ односи со Кина

Во период на рецесија, типично е компаниите да заработуваат помалку, што потоа се рефлектира со помали плати и поголема невработеност.

Банката на Англија сега верува дека Британија почнала да влегува во рецесија веќе ова лето и предвидува дека таа ќе продолжи во текот на оваа година и првата половина на 2024 година, кога треба да се одржат општите избори.

Па, иако ова не е најголемиот економски пад забележан во Британија – може да биде најдолг од тешките 20-ти години на минатиот век кога рецесијата беснееше низ целиот свет, пренесува Би-Би-Си.

Канцеларот Џереми Хант рече дека инфлацијата има големо влијание врз семејствата, пензионерите и компаниите, така што приоритет на владата е да ја ублажи што е можно повеќе.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шри Ланка доби нова влада

„Каматните стапки растат насекаде низ светот, додека земјите се обидуваат да се справат со цените кои почнаа драстично да растат поради пандемијата и руската инвазија на Украина“, рече Хант.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.