Британија: Се помалку руски напади бидејќи им снемува ракети

Сподели со своите пријатели

Русија веројатно ги ограничува ракетните напади врз украинската инфраструктура поради недоволното количество крстосувачки ракети, објави денеска британското Министерство за одбрана во новиот извештај на своите воени разузнавачи.

Loading...

Разузнавачките претставници велат дека Русија ги зајакнала своите сили со десетици илјади резервисти од октомври, намалувајќи го недостигот од воен персонал, но „недостигот од муниција најверојатно ќе остане клучен ограничувачки фактор во руските офанзивни операции“.

„Недоволна муниција за значителна офанзива“

Во извештајот се наведува дека одбранбените операции долж долгиот фронт во Украина бараат значителен дневен трошок на гранати и ракети.

Русија ги ограничи своите ракетни напади со долг дострел на околу еднаш неделно поради ограниченото снабдување со крстаречки ракети, велат британските разузнавачи, додавајќи дека е малку веројатно Русија доволно да ги зголеми резервите на артилериска муниција за да овозможи значителни офанзивни операции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вознемирувачка снимка: Руси брутално тепаат војници кои одбиваат да се борат во Украина

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...