Британија: Русите загрижени поради слабата безбедност на Крим

Сподели со своите пријатели

Руски и украински официјални лица потврдија дека на 16 август, магацини со муниција експлодирале во близина на Џанкој на Крим, при што најверојатно биле оштетени блиската железничка линија и електричната трафостаница.

Руските медиуми објавија и дека колона чад се издигнува од воздухопловната база Гвардејскаја на Крим, пишува британското Министерство за одбрана во дневниот извештај за ситуацијата во Украина.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски откри што побарал од Трамп во врска со безбедносните гаранции

 

„Руската команда е веројатно сè позагрижена за намалената безбедност на целиот Крим“

„Џанкој и Гвардејскоје се дом на двата најважни руски воени аеродроми на Крим. Џанкој е исто така клучен патен и железнички центар кој игра важна улога во снабдувањето на руските операции во јужна Украина“, пишува Министерството.

„Причината за овие инциденти и обемот на штетата сè уште не се познати, но руската команда е многу веројатно сè позагрижена поради очигледното намалување на безбедноста на целиот Крим, кој функционира како задна област за окупацијата“, додава тој.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали 2026 година ќе донесе мир или колапс на Украина? Ова се три можни сценарија!