Британија: Русите во последните неколку дена постигнаа успех во два клучни сектори

Сподели со своите пријатели

Британското Министерство за одбрана во својот дневен извештај за ситуацијата во Украина наведува дека од 7 февруари руските сили веројатно постигнале тактички успеси во два клучни сектори.

Loading...

Се наведува дека на северната периферија на градот Бахмут во Донбас, борците на групата Вагнер се пробиле на 2 до 3 километри на запад, преземајќи ја контролата врз областа во близина на главниот приод кон градот.

На југ, руските единици напредувале околу западниот раб на Вуледар, наведува Министерството, но додава дека најверојатно претрпеле особено тешки загуби во околината на тој град бидејќи ангажирале неискусни војници.

Се  споменува инцидент кога руските војници побегнаа по неуспешниот напад и оставија најмалку 30 главно непроменети оклопни возила.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вашингтон пост: Русија на преговорите ќе ја претставуваат Лавров и Ушаков

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...