Русија продолжува со континуираното бомбардирање на североисточното бојно поле во Харков со цел да ги врзе украинските сили таму и да спречи нивно користење за контранапади во други региони, објави во петокот британското Министерство за одбрана.
Харков, на околу 15 километри од линијата на фронтот, е под постојано гранатирање од почетокот на руската инвазија на Украина, бидејќи е во домет на повеќето руска артилерија, според дневниот разузнавачки билтен.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 19 August 2022
Find out more about the UK government’s response: https://t.co/H4kJ85x7OH
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/yODxnSBw7g
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) August 19, 2022
Седумнаесет лица загинаа, а 42 беа повредени во средата и четвртокот во двата руски напади врз Харков, вториот по големина град во Украина, изјави регионален украински гувернер.
Русија негира дека намерно гаѓала цивили во, како што ја нарекува, „специјална воена операција“ во Украина.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.