Британија: Русија ангажираше платеници на првата линијата на фронтот

Сподели со своите пријатели

Русија ангажирала платеници во некои делови од линијата на фронтот за да ги задржат тие позиции, што укажува на недостиг од пешадија во нејзината армија, соопшти во петокот британското Министерство за одбрана, додека Украина ја засилува контраофанзивата на југот на земјата.

Loading...

Потпирањето на платеници од руската приватна безбедносна компанија „Вагнер груп“, Британија понатаму тврди, е уште еден знак дека руската војска, шест месеци по почетокот на војната во Украина, е под притисок.

Британското министерство, повикувајќи се на разузнавачки информации, оценува дека платениците од Вагнер групата тешко можат да ги надоместат загубите што ги претрпе руската редовна пешадија или да го променат текот на војната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден им испраќа противпешадиски мини на Украинците

Борците од Вагнер се ангажирани во специјални мисии од 2015 година и сега ова е важна промена, додава британското министерство.

Киев во средата објави дека имало „големо прераспоредување“ на руските сили кон југ каде, според британските разузнавачи, руската 49-та армија е стационирана на западниот брег на Днепар и е многу ранлива.

Британците тврдат и дека градот Херсон, кој е клучен за копненото снабдување на Русите од Крим, сега е практично отсечен од другите области окупирани од Русија, бидејќи украинската армија тешко оштетила три моста на реките Днепар со западни ракети со долг дострел.

Украина сега е фокусирана на својата најголема контраофанзива, а нејзините борбени авиони, како што тврди, уништиле пет руски упоришта околу Херсон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина ги повика Русија и Украина да се воздржат од ескалација

Украинските контранапади на југ следеа по обидите на руските и проруските сили да го заземат целиот индустриски регион Донбас на исток, кој ги опфаќа регионите Доњецк и Луганск.

Loading...

Во војните во Авганистан и Ирак, Соединетите Американски Држави потрошија стотици милијарди долари на услуги на приватни безбедносни компании и цивилни „изведувачи“.

Една од најпознатите платенички компании беше компанијата Блеквотер, чии членови беа обвинети за огромни цивилни жртви и воени злосторства.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.