Британија: Пронајдена скоро мумифицирана жена која три години мртва лежела во станот

Сподели со своите пријатели

Ментално болна жена од областа Сари во Англија била пронајдена во „мумифицирана, речиси скелетна состојба“ во куќата во која живеела – откако таму лежела мртва повеќе од три години, соопшти нејзиното семејство, а пренесуваат британските медиуми.

Loading...

Според роднините, Лора Винам (38) била пронајдена мртва од нејзиниот брат во мај 2021 година, откако била „напуштена и оставена да умре“ од Националната здравствена служба (NHS) и социјалните служби, пишува Би-би-си.

Се верува дека таа починала во ноември 2017 година, откако во претходните години двапати била пријавена во социјалните служби, во она што властите во Сари го опишаа како „навистина трагичен случај“.

Лора Винам имала шизофренија и била отуѓена од семејството поради верувањето дека ќе и наштетат, а живеела во Вокинг, Сари, во еден од британските станбени населби со ниски приходи.

Во локалната служба за ментално здравје беше пријавено уште во 2014 година дека таа најверојатно има „нетретирани проблеми со менталното здравје“, но тоа не беше решено, тврди нејзиното семејство.

Веројатно последен пат била видена жива во октомври 2017 година, кога ја посетиле полицајци, кои потоа им пријавиле на властите во округот Сари дека е „запоставена, има малку храна и се чини дека не знае каде да пристапи до локалните служби за да добие помош“.

Набргу потоа, календарот на Лора Винам престанал да ги преминува датумите, а една од нејзините последни пораки била: „Ми треба помош“.

Како што објави Скај, адвокатската канцеларија Хаџел, која го застапува семејството на Лора Вингам, објавила дека нејзината кирија за куќата во која живеела била уредно платена преку бенефиции за социјални станови, така што во јануари 2018 година – два месеци откако починала според судскиот совет наоди, платена и е сметката за парно. Сепак, снабдувањето со гас било прекинато во јануари 2019 година

Loading...

Нејзината сестра Ники изјави за Би-Би-Си дека и покрај „загрижувачките знаци“ на влошеното ментално здравје на Лаура, таа чувствувала дека „сите се глупираат себеси“ и дека „секој што бил во контакт со Лора и имал должност кон неа, едноставно си ги измил рацете во одреден момент и – заборавил на неа“.

Итфикар Манзур од адвокатската фирма Хаџел изјави за Би-Би-Си дека Лора двапати била пријавена во тимовите за социјална грижа, прво во 2014 година, а потоа од полицијата во октомври 2017 година.

„Не беа извршени проценки на нејзините потреби. Без сомнение, ова беа очигледно пропуштени можности да се интервенира и да се извршат проверки“, рече тој.

Полицијата во Сари соопшти дека на 24 мај 2021 година, добила барање за проверка на безбедноста на едно лице на адреса во Вокинг и таму пронашла тело на жена на 30-годишна возраст.

Полицијата, исто така, како што соопштија, била задоволна што по спроведената истрага не е утврдено дека во смртта е вмешано трето лице, па затоа бил известен судскиот совет.

Истрагата за случајот започнува следната недела во Сари.