Британија привремено повлекува дел од персоналот на амбасадата во Либан

Сподели со своите пријатели

Британското Министерство за надворешни работи во понеделникот соопшти дека привремено повлекува дел од персоналот на британската амбасада од Либан.

Loading...

Граѓаните на Велика Британија веќе добија совет да не патуваат во Либан поради конфликтот меѓу соседниот Израел и Газа, а оние кои се уште се во земјата да ја напуштат додека се уште има комерцијални летови, пренесува Ројтерс.

Вчера, либанската група Хезболах, поддржана од Иран, соопшти дека одговорила на израелскиот напад во кој загинаа три деца и едно постаро лице, што дополнително ги подгреа тензиите на нестабилната граница.

Хезболах соопшти дека истрелал ракети „Град“ врз град во северен Израел како одговор на нападот во кој загинаа три девојчиња на возраст меѓу 10 и 14 години, според либанските власти.