Британија најави дополнителни средства за заштита на муслиманската заедница

Сподели со своите пријатели

Британската влада денеска соопшти дека ќе издвои 117 милиони фунти или 137,30 милиони евра за заштита на муслиманската заедница поради порастот на исламофобијата.

Loading...

Средствата ќе бидат искористени за заштита на џамии, муслимански верски училишта и други општински центри, пренесува Ројтерс.

Тел Мама, група која ги следи антимуслиманските инциденти, минатиот месец рече дека има зголемување за 335 отсто на таквите инциденти во Велика Британија по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година.

Британскиот министер за внатрешни работи Џејмс Клеверли рече дека омразата против муслиманите нема апсолутно никакво место во британското општество.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  И Британците се повеќе мотаат тутун

Анкетата спроведена во февруари покажа дека 29 отсто од Британците веруваат дека владејачките конзервативци се исламофобични.

Пред десет дена британската влада најави дека ќе ја зајакне безбедноста на еврејската заедница поради зголемувањето на антисемитизмот.