Британија испраќа тенкови во Украина. Кремљ: Ќе горат како и другите

Сподели со своите пријатели

Кремљ денеска соопшти дека тенковите што Велика Британија планира да ги испрати во Украина „ќе изгорат како и другите“.

Loading...

Да потсетиме дека Британија во саботата потврди дека во наредните недели ќе испрати 14 тенкови „Челинџер 2“ во Украина, како и друго оружје за артилериска поддршка.

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин тврди дека британските тенкови и другото оружје испратено во Украина од Велика Британија и Полска „нема да ја променат ситуацијата на теренот“, додавајќи дека новите тенкови на фронтот „ќе изгорат како и другите“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.