Британија го блокираше преносот на неформален состанок за децата евакуирани од Украина

Сподели со своите пријатели

Велика Британија го блокираше преносот на неформалниот состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации за децата кои беа евакуирани од Украина, соопшти руската мисија во светската организација.

Loading...

Седницата ја свика Русија, која овој месец претседава со Советот за безбедност.

„Мисијата на Обединетото Кралство во ОН го блокираше преносот на утрешната неформална седница на Советот за безбедност на тема „Деца и вооружени конфликти: украинската криза. Евакуација на децата од зоната на конфликтот“. Се чини дека западните земји се плашат дека многу луѓе би можеле да ја слушнат вистината за ова прашање“, напиша заменик рускиот амбасадор Дмитриј Полјански на Телеграма.

Според него, руските дипломати ќе најдат начин да го организираат преносот на други платформи, пренесува Спутник.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.