Велика Британија ги отфрли обвинувањата на Русија дека британските разузнавачки служби би можеле да бидат вмешани во нападот на мостот на Крим.
„Ова се неосновани шпекулации од Русија и нема дополнително да ги коментираме“, се вели во изјавата на портпаролот на Министерството за надворешни работи на Велика Британија, пренесе Ројтерс.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, претходно изјави дека одлуката за вчерашниот напад на мостот на Крим ја донеле украинските власти и армијата, со, како што наведе, учество на американските и британските разузнавачки служби.
И заменикот на рускиот претставник во ОН, Дмитриј Полјански изјави дека британските разузнавачки служби можеле да бидат вмешани во нападот на мостот на Крим, во кој во понеделникот наутро загина брачна двојка, а нивната ќерка беше повредена.
„Не слушнав осуда на овој терористички чин од ниту еден од западните спонзори на режимот во Киев“, рече Пољански на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, пренесе Ројтерс.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.