Со барање да се најде замена за ирскиот „бекстоп“, Европската унија ја стави Велика Британија на тест што не може да го положи, рече министерот за Брегзит Стивен Баркли.
Тој верува дека на неговата земја треба да ѝ се даде барем една година за решавање на спорното прашање на границите на Северна Ирска.
Утрово, Даунинг стрит одби да најде алтернатива на „бекстоп“ во својот план за Брегзит во рамките на двете недели поставени од Европа, велејќи дека тоа е „вештачки рок“.
Портпаролот на британската влада соопшти дека тие не го прифатиле заедничкото барање на француските и финските лидери Емануел Макрон и Енти Рајн да најдат решение до крајот на септември и дека ќе излезат со цврсти предлози кога премиерот Борис Џонџон ќе биде подготвен.
– Ни беше кажано дека имаме две недели да најдеме решение, но алтернативата за „бекстоп“ не е неопходна до крајот на крајниот рок за извршување, што е декември 2020 година. Зошто да ризикуваме со несаканиот исход сега и двете страни можат да работат заедно до крајот на следната година – рече Баркли.
Министерот предупреди дека решението ќе зависи од идните односи, кои допрва треба да бидат утврдени.
Претставниците на ЕУ стравуваат дека британските преговарачи ги водат „преку заобиколен пат“, бидејќи тие честопати преговарале во Брисел, но со многу мал напредок.
Декември 2020 година кој го споменува Баркли е крајот на преодниот рок за кој преговараше поранешната премиерка Тереза Меј. Сепак, ЕУ постојано повторува дека без предлог за „бекстоп“ не може да има грејс период и договор за Брегзит.
Баркли со изјавата, всушност, бара ЕУ да се откаже „бекстопот“ да биде предуслов за договор и да и се дозволи на Велика Британија да има преоден рок без „бекстоп“.
Преодниот рок може да биде продолжен за две години и до декември 2020 година со договор меѓу ЕУ и Велика Британија, но Џонсон експлицитно изјави дека тој нема намера да го стори тоа.
ЕУ сака договорот да обезбеди непречена трговија на ирскиот остров со цел да го одржи својот статус кво, додека Велика Британија утврдува план според кој ќе бидат неопходни некои проверки на стоки.
Велика Британија предлага Северна Ирска да остане во европските правила за храна и земјоделски производи, во спротивно ќе има две регулаторни зони на ирскиот остров.