Британија доби нов шеф на дипломатијата

Сподели со своите пријатели

Поранешниот британски министер за здравство Џереми Хант денеска е поставен на местото министер за надворешни работи по оставката на неговиот претходник Борис Џонсон.

По министерот за Брегзит Дејвид Дејвис, оставка си поднесе и министерот за надворешни работи Борис Џонсон поради незадоволство од планот на премиерката за идните односи на Брисел и Лондон за што во петок наводно е постигната согласност на маратонскиот состанок на кабинетот.

За нов министер за Брегзит е поставен европратеникот Доминик Раб.

Воочи референдумот за Брегзит во 2016. година, Хант беше заговорник за останување на Британија во рамките на Европската унија.

Leave a Reply