Анонимен учесник на британската игра на среќа „Loto Euromilions“ освоил неверојатни 123 милиони фунти (околу 140 милиони евра), што е третата најголема добивка во земјата.
Неговото добитно ливче минало на извлекувањето, а неколку дена подоцна се појавил добитникот за да пријави дека ги освоил парите, но не сакал да го открие името, пишува „The Sun“.
Милионер на неколку минути поради грешка на швајцарската лотарија (ВИДЕО)
– Неверојатна победа. Третата најголема добивка во Велика Британија. Се радуваме што овозможивме на сопственикот на овие броеви да ужива во наградата која ќе му го промени животот, рекол Енди Картер, претставник на Националната лотарија на Велика Британија.
Добивката на оваа сума ќе го смести сопственикот на ливчето меѓу 1.000 најбогати во земјата според листата на „Сандеј тајмс рич“.
14 пати освои на лотарија и засекогаш ги променил правилата (ВИДЕО)
Што се однесува до останатите добитници, брачниот пар Колин и Крис Вирс освоиле 161 милион евра во 2011 година.
Година дена претходно, Адријан Бејфорд и неговата поранешна сопруга Џилијен освоиле 148 милиони евра, но се развеле 15 месеци подоцна.
Image by Alejandro Garay from Pixabay