Британците случајно испратиле тајни информации на руски сојузник наместо на САД

Сподели со своите пријатели

Британското Министерство за одбрана покрена истрага откако официјални лица несвесно испратиле е-пошта со доверливи информации на близок руски сојузник поради грешка при пишувањето.

Loading...

Неколку мејлови наменети за Пентагон се испратени во Мали поради случајно пропуштање на буквата „и“ во адресата на електронската пошта, пишува Гардијан.

Британските власти ги испратиле пораките на адреса што завршува со доменот „.ml“ на Мали, а не со доменот „.mil“ на американската војска.

Истата грешка во САД беше откриена претходно овој месец, што предизвика милиони воени мејлови да отидат на адреса во Мали.

Министерство: Е-поштата не содржеле информации кои би можеле да ја загрозат оперативната безбедност или техничките податоци

Британското Министерство за одбрана соопшти дека покренало истрага откако пар мејлови по грешка биле испратени до неточен домен на е-пошта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  И Британците се повеќе мотаат тутун

„Уверени сме дека е-поштата не содржела информации што би можеле да ја загрозат оперативната безбедност или техничките податоци. Сите чувствителни информации се споделуваат на системи дизајнирани да го минимизираат ризикот од погрешно насочување.

Министерството за одбрана постојано ги прегледува своите процеси и во моментов спроведува работна програма за подобрување на управувањето со информациите, спречување на губење на податоци и контрола на чувствителни информации“, соопшти Министерството.

Путин му вети на Мали бесплатни испораки на жито

Мали беше меѓу шесте африкански земји на кои рускиот претседател Владимир Путин им вети бесплатни испораки на жито по пропаѓањето на Црноморскиот договор со Украина.

Loading...

Платениците на Вагнер беа распоредени во Мали за да се борат против џихадистите заедно со армијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  И Британците се повеќе мотаат тутун