Британците би издржале само два месеци против Русите

Сподели со своите пријатели

Британската армија би можела да издржи само два месеци во битки со руската армија во случај на потенцијален конфликт, пишува „Телеграф“ повикувајќи се на британски воени претставници.

Loading...

„Кога поранешниот државен потсекретар за армија Марк Франсоа праша: „Британија нема да издржи повеќе од два месеци во сеопфатен конфликт со Русија бидејќи немаме резерви на муниција и оружје, тоа е вистина, зар не? Заменик-началникот на Генералштабот Роберт Маговен одговори потврдно“, се наведува во написот.

Авторите наведуваат дека и други претставници на британската армија потврдиле дека Лондон нема да може долго време да води војна во случај на конфликт поради намалувањето на расходите и недоволниот број војници, пренесува Спутник.