Брисел го вклучи црвениот аларм – затворено метро, се избегнуваат трговски центри и концерти

Сподели со своите пријатели

Белгија денес го подигна нивото на тревога во подрачјте на главниот град Брисел на највисоко ниво, предупредувајќи ја јавноста да избегнува метежи поради сериозни закани од можни напади, изјавил претставник на владата.

Loading...

Степенот на тревога за Брисел е на највисок степен, онодно четврто ниво по состанокот на министри и врвот на полицијата и разузнавачките служби.

Населението го советуваме да избегнува места каде со сбоираат многу луѓе како што се шопинг центри, концерти или станици за јавен превоз – вели портпаролот на владиниот кризен центар.

Нивото на тревога е подгнато на највисокот ниво за подрачјето на Брисел по новите безбедносни проценки, сооштува Организацијата за координација и анализа на закани (ОСАМ) која спаѓа под белгиското Министерство за надворешни работи. Нивото на тревога во останатиот дел од земјата останува три, додаваат оид ОСАМ.

Мерката е преземена неколку часа откако една личност е приведена во Белгија под обвинение за тероризам во врска со нападите кои се случија на 13-ти во париз кога загинаа 130 лица.

Таа личност, чиј идентитет не објавен е третта против која во Белгија е подигнато обвинение за нападите во Париз.

Во утринските часови во Брисел е блокиран и сообраќајот на подземната железница поради терористички закани.