Брегзит ја чини Британија 100 милијарди фунти годишно

Сподели со своите пријатели

Брегзит ја чини Велика Британија 100 милијарди фунти годишно (околу 124 милијарди долари) поради изгубеното производство, сметаат експертите и проценуваат дека британскиот БДП би бил четири отсто поголем доколку Велика Британија останеше во ЕУ.

Loading...

Ефектите од Брегзит вклучуваат сè, од деловни инвестиции до способност на компаниите да ангажираат работници, објави Блумберг на утрешната трета годишнина од поделбата Обединетото Кралство и ЕУ.

Како што се наведува, деловните инвестиции се послаби, а недостигот на работна сила е се поакутен проблем.

Економистите Ана Андраде и Ден Хансон веруваат дека економијата е четири отсто помала отколку што би можела да биде, при што деловните инвестиции значително заостануваат, а недостигот од работници во ЕУ се зголемува.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Човековите права најзагрозени во последните неколку децении

„Дали Обединетото Кралство изврши чин на економско самоповредување кога гласаше за напуштање на ЕУ во 2016 година? Досегашните докази продолжуваат да сугерираат дека тоа го стори“, рекоа Андраде и Хансон.

Тие исто така додаваат дека главниот заклучок е дека прекинот од единствениот пазар можеби се одразил на британската економија побрзо од очекуваното.

Како што беше наведено, податоците ги негираат тврдењата на премиерот Риши Сунак дека Брегзит е „огромна можност“ за Велика Британија што почнува да се материјализира, бидејќи прекинот на врските со ЕУ и овозможува на Британија да создаде слободни пристаништа за да ја зајакне трговијата и да ги реформира правилата за финансиски услуги за да има корист банки во Лондон Сити.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Германија работат 820.000 вработени од земјите кои се приклучија на ЕУ во 2004 година