Брчки на овој дел од лицето укажуваат на сериозен здравствен проблем!

Сподели со своите пријатели

Истражувањата покажаа дека брчките на овој дел од лицето можат да бидат првиот знак за предупредување за злобна болест што го напаѓа нашето тело.

Loading...

Резултатите од истражувањето, спроведено од француски научници од Универзитетскиот медицински центар во Тулуз, укажуваат на тоа дека брчките на горниот дел од лицето, а прво на челото, можат да предупредат на потенцијални проблеми со срцето и крвните садови.

 

 

Научниците тврдат дека може да се заклучи многу за нечие здравје врз основа на нечиј изглед.

– Проучувавме брчки на челото, бидејќи тие се толку едноставни и многу забележливи – вели авторката на студијата, Јоланда Ескирол. Таа истакнува дека збрчканото чело може да има врска со намалувањето на еластичноста на артериите како резултат на акумулација на наслаги на нивните sидови.

– Бидејќи крвните садови на челото се многу мали, тие се почувствителни на намалување, што значи дека тоа може да биде ран знак на предвремено стареење и проблеми со крвните садови и срцето – објаснува таа.

Loading...

Студијата се спроведувала 20 години, а во неа учествувале 3.200 здрави возрасни лица кои имале 32, 42, 52 и 62 години кога започнала студијата. Бидејќи ова е прв пат болести на срцето и крвните садови да се поврзат со брчки, потребни се дополнителни истражувања.