Бразилските власти ги ловат одговорните за обидот за пуч

Сподели со своите пријатели

Бразилските власти одлучија да ја казнат толпата што се обиде да изврши државен удар во неделата и започнаа потрага по одговорните и издадоа налози за апсење на двајца поранешни високи функционери, од кои едниот е близок соработник на поранешниот претседател Жаир Болсонаро.

Loading...

Андерсон Торес беше министер за правда, а подоцна и шеф на безбедноста во главниот град.

Тој беше отпуштен по насилството во неделата, кое потсети на обидот за државен удар во САД пред две години.

Тие бараат и апсење на Фабио Аугусто, кој ја водеше воената полиција во Бразилија, а исто така беше отпуштен по насилството во неделата и е приведен, пренесува AFP.

Среде хаосот и дивеењето, Торес во неделата беше на одмор во САД, а во вторникот негираше каква било вмешаност во обидот за пуч и рече дека ќе се врати и ќе се брани во Бразил.