Бразилски педофили се коцкаат во девојчиња – главна награда е малолетна девица

Сподели со своите пријатели

Во бразилското место Encruzilhada се води истрага поради организирање игри на среќа во кои среќниот добитник за награда добивал малолетна девојка. Стотици мажи наводно купиле ливчиња во вредност од пет фунти и нетрпеливо оечкувале извлекување во градот и околината.

Loading...

Во многу сиромашни селски краеви на Бразил, посебно оние на работ на автопат, каде проституцијата е дел од локалната култура, сексуалното искористување на деца станало стандардно, а не исклучок. Како се дознава, организирани биле и лотарии во кои награда била малолетна девица, но такви ливчиња биле значително поскапи.

Освен тоа, секоја недела се организирала и бинго лотарија, во која педофилите се коцкале во малолетни девојчиња кои подоцна сексуално ги злоставувале, наведува британската хуманитарна организација „Menidanca“.

Организација, посветена на жртвите од ваквка експлоатација во тој регион, тврдат дека вакви болни игри се случувале и во сред бел ден и дека со тоа се запознаени многу луѓе, вклучително и полицијата.

Локалниот адвокат Мајкл Фаријас, кој го истражувал случајот, за Дејли Мејл изјавил дека сите знаат за оваа лотарија и дека мажите доаѓаат од околните места во регионот на бразилската држава Баија.

Мажите се коцкале во девојчиња од 11 до 17 години, а извлекувањето бил голем настан, кој мажите со нетрпение го очекувале. Бандата која ги принтала ливчињата заработила многу пари на злоставување на девојчиња, кои мислат дека немаат избор – додава Фаријас.

Шокантните оптужби ќе го зголемат притисокот на Бразил да ги заштити децата и да започне борба против детската проституција пред почетокот на олимпијадата во Рио де Женеиро идната година.

Организациите за заштита на децата предупредуваат на опасност од зголемување на малолетната проституција поради овој настан, кога латиоамериканската земја ќе пречека 6,5 милиони руристи.

Loading...

Родителиет редовно ги туркале своите ќерки кон проституцијата, а мажите без срам барале сексуални услоги од деца на 10 и 11 годишна возраст.

Земјата во која 40 милиони луѓе живеат во екстремно сиромаштво, втора е во светото според застапеноста на детската проституција, а истражувањата наведуваат на заклучок дека половина милион деца се замешави во трговија со секс.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.