Бразилки уапсени на аеродромот во Атина: Носеле 13 килограми кокаин

Сподели со своите пријатели

Грчката полиција уапси две жени од Бразил на меѓународниот аеродром во Атина, каде што беа пронајдени повеќе од 13 килограми кокаин.

Loading...

Жените се уапсени по целни претреси како дел од контролата на движењето на наркотици во Грција од јужноамериканските земји, пренесува Екатимерини.

Двете летале за Атина од Бразил и бил пронајден кокаин скриен во нивниот багаж, соопшти полицијата.

Полицијата запленила и два телефони и засега неутврдена сума пари.