Бразилец пред 100 години преживеал шпански грип, сега ја победи короната(ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Бразилецот Раимундо Леонардо де Оливеира (102) неодамна се опорави од ковид-19, повеќе од сто години откако се разболел од шпански грип како деветмесечно бебе и сега е пуштен од болницата во Минас Жераис на домашна нега, пишува Дејли меил.

Loading...

Виталниот 102-годишник бил хоспитализиран на одделот за интензивна нега на 17 август, а неговото семејство за бразилскиот портал Г1 изјави дека тој не бил интубиран и не бил на апарати за дишење и дека се вратил дома по успешното закрепнување.

Сопругата на тој пензиониран земјоделец, Ниверчина Марија де Оливеира (92) исто така се разболела од коронавирус, поради што исто така поминала извесно време во болница. На нејзиниот сопруг му се слошило кога се вратила дома.

Внуката на Де Оливеиро, Кристина де Аморим, изјави дека семејството помислило дека повеќе нема да ги види откако ќе се открие дека се заразени со коронавирус, кој досега има заразено вкупно 4.330.455 лица во Бразил, при што починаа 131.625 лица.

На фотографиите што ги сподели семејството на социјалните мрежи, Раимундо позира за време на отпуштањето од болницата со тим лекари и медицинскиот персонал кој го лекуваше.

„Првото нешто што ми рече кога излезе од болницата е дека му недостигам“, рече Де Аморим. „И додаде дека би сакал да јаде малку сирење и да пие сок од грозје“.

Де Оливеира е во брак 75 години и имаше четиринаесет деца, од кои девет се уште се живи. Тие исто така имаат 22 внуци, 25 правнуци и двајца праправнуци.

За време на пандемијата на шпански грип што го опустоши светот во 1918 и 1919 година, најмалку 500 милиони луѓе се заразија со вирусот, а скоро 50 милиони починаа низ целиот свет како резултат на тешката болест.

Loading...

 

Leave a Reply