Бразил: Најмалку 56 загинати во поплави и лизгање на земјиштето (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 56 лица ги загубија животите во поплавите и одроните предизвикани од обилните врнежи во североисточниот дел на Бразил.

Loading...

Покрај 56-те загинати, уште најмалку 56 се водат како исчезнати, а најмалку 25 се повредени, изјави бразилскиот министер за регионален развој Даниел Фереира, пренесува Си-Ен-Ен. Постои оправдан страв дека ќе се зголеми бројот на жртвите.

 

Улични борби во Северодонецк: „На Русите не им е грижа колку жртви ќе имаат“

 

– Pовеќе од 3.900 луѓе ги загубија своите домови поради разорните дождови, додаде Фереира.

Властите во државата Алагоас претходно објавија дека две лица ги загубиле животите во поплавите предизвикани од дождот.

Некои од смртните случаи се предизвикани од лизгање на земјиштето во пошироката област Ресифе, соопшти цивилната одбрана на бразилската држава Пернамбуко, која ги повика жителите кои живеат во области со висок ризик да бараат засолниште на друго место.

Loading...

 

Улични борби во Северодонецк: „На Русите не им е грижа колку жртви ќе имаат“

 

Во самиот град Ресифе отворени се училишта за сместување на раселените семејства.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека бразилската армија ќе им помогне на погодените и дека тој лично утре ќе отпатува во Ресифе за да ја процени ситуацијата.

„Нашата влада ги стави на располагање сите свои ресурси од првиот момент за да им помогне на погодените, вклучително и вооружените сили“, напиша тој денеска на Твитер, пренесува Си-Ен-Ен.

Во некои области во североисточниот дел на Бразил, во изминатите 24 часа наврна повеќе дожд отколку што се очекуваше во целиот месец мај.

Екстремни дождови го зафатија Бразил неколку пати во последните месеци.

Loading...

Во декември дождовите предизвикаа експлозија на две брани во државата Баија, при што загинаа десетици луѓе и беа поплавени цели улици, јавува Си-Ен-Ен.