БРАВО: „Алкалоид“ донираше 200.000 евра и ги намали цените на 158 производи

Сподели со своите пријатели

„Алкалоид АД Скопје“, денес донираше износ од 12.300.000 денари (200.000 евра) на посебната наменска донаторска сметка на македонското Министерството за здравство формирана за целите на справување со здравствената криза.

Loading...

Веќе две недели компанијата „Алкалоид АД Скопје“ функционира во извонредно турбулентни услови. Се бориме за обезбедување залихи на производи кои не ни се примарна дејност, но во моментов се од суштинско значење за сите; се соочуваме со огромни логистички предизвици во услови на затворени граници, блокирани и поскапени суровини и амбалажи; секојдневно носиме одлуки кои се од исклучителна важност за компанијата, при тоа ставајќи акцент на врвниот приоритет: Здравјето на луѓето, велат од компанијата.

Од компанијата велат дека работат во тешки услови, кога 200 нивни вработени кои припаѓаат во ризични групи се отсутни од работа, а побарувачката енормно зголемена.

– Почнувајќи од денес, ќе мораме да ги адаптираме и сменските работења во согласност со дозволените термини на движење, имајќи предвид дека голем дел од нашите вработени доаѓаат на работа од подрачја кои гравитираат кон градот Скопје, а сѐ со цел да ги исполниме барањата на пазарот со наши производи.

Освен донацијата, компанијата одлучи да ги намали цените на 158 свои производи кои во моментот се на листата на потреби на скоро секое домаќинство.

– Додека сѐ уште се консолидираат ресурсите за справување со посилен импакт од вирусот Covid-19, „Алкалоид АД Скопје“ и покрај сите логистички и ресурсни предизвици, одлучи да ги намали цените на 158 свои производи кои во моментов се наоѓаат на листата на потреби веројатно на секое македонско домаќинство: фармацевтските брендови „Аналгин“, „Кафетин“, „Прокулин“, „Бетадине“„Ацерола“, „Блокмакс“, „Бронлес“, лекови за намалување на телесната температура, одредени помошни лековити средства, разни витамини и додатоци во исхраната, средствата за чистење од колекцијата „Глос“, сите дезинфициенси, антисептици, средства со антибактериско дејство и други слични производи, информираат о дкомпанијата.

Никола Ивановски

Leave a Reply