Братучед измамил кумановка за 5.500 евра

Сподели со своите пријатели

Во СВР Куманово, У.С.(43) од Куманово пријавила дека била измамена од нејзин братучед М.Г..

Loading...

Според пријавеното, во мај – јуни 2018 година кај неа дошол М.Г. и и понудил да ја вработи во државна институција и побарал да му даде 5.500 евра. Таа се согласила, зела пари на заем и му ги дала, но потоа пријавениот почнал да одбегнува контакт со неа. Пред две недели таа отишла во институцијата каде нејзинот братучед и ветувал дека наводно ќе ја вработи и сфатила дека е измамена и оштетена за сума од 338.800 денари, информираат од кумановската полиција.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.

Leave a Reply