Братот на Бобан: Не бркаа околу 20 Албанци, брат ми за да избега удри во семејството (вознемирувачко фото)

Сподели со своите пријатели

Со своја исповест и приказна за настанот кој овие денови ги потресе кумановеци излезе и Б.И. брат на возачот кој сега ќе одговара за убиство на малиот Алмир. Од неговата исповест може да се заклучи дека снимката која денес беше објавена е половична, односно не е прикажан делот каде Бобан е нападнат од група Албанци, како што и потврдија извори на Кумановски Муабети од МВР.

Јас сум братот на возачот, оној што го вадат од возилото на снимкава. Не нападнаа за глупости… Влеговме во кола ни дотрчаа 3-4 албанци ни ја скршија шофершајбната со боксачи ( веднаш повикавме полиција) ние побегнавме но завршивме во слепа улица. Продолжија да не бркаат околу 20 албанци со ножеви, боксачи и слично. Братми за да ги избегне удри во ѕид за жал тука било дете ние неможевме да видиме ништо зошто ни е скршена шофершајбната и бевме испаничени, јас не знам каков човек напаѓа луѓе со цел да ги тепа/убие пред сопственото дете за банална расправија поради ред во болница и со тоа го доведува во опасност… И дали тие навистина се жртви? Јас имам 5 посекотини од НОЖ, повеќепати сум удрен со тврд предмет по глава и тело. Против никој од напаѓачите не е поднесена кривична пријава уште и се организираат протести и го нарекуваат брат ми терорист кој сакаше само да избега и да се спаси… Навистина е греота за детето и ние жалиме ама како би вие реагирале да се најдете во ваква ситуација и да ви е загрозен вашиот живот и животот на вашата фамилија? Во сите медиуми пишува како ние сме ги чекале да ги згазиме никој не ја напиша вистината што навистина се случи. – вели Б.И.

13615178_10206676813022399_3727054713032128131_n

Loading...

 

Инаку пет лица заработија кривични пријави поврзани со овој настан и сите го претставија Бобан како убиец, но што точно е вистина допрва ќе утврдуваат надлежните.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.