Брачни тајни за кои не треба да разговарате со пријателите

Сподели со своите пријатели

Постојат некои работи од брачниот живот кои дури ни вашата најдобра пријателка не треба да ги знае. Убаво е да си има пријателка на која може за сè да ѝ се доверите, но некои ситуации и работи од брачниот живот заслужуваат да останат меѓу вас и брачниот партнер.

Loading...

За доброто на вашата брачна заедница, еве кои брачни тајни треба да ги задржите меѓу вас:

1.Колкави долгови имате

Скоро секој брачен пар има некакви долгови, но тоа не е тема со која би требало да разговарате со пријателките. Ако се жалите дека сте во големи долгови или се фалите дека имате мали долгови пријателите можат погрешно да ве разберат и во двете ситуации. Во првата, дека немате пари за летување и дека тие ќе треба да ве финансираат ако одите заедно на одмор или во вториот случај, дека се фалите колку малку должите додека тие се премногу задолжени.

2.Кои ваши пријателки не му се допаѓаат на сопругот

Немојте да дозволите брачниот живот да ве оддалечи од пријателките. Ако на вашата блиска пријателка не ѝ се допаѓа вашиот сопруг или обратно, немојте тоа да им го кажувате. За тие несимпатии немојте да зборувате ниту пред другите пријателки, особено ако таа личност воопшто не ја заслужува нетрпеливоста од страна на вашиот сопруг.

3.Детали од сексуалниот живот

Во женско друштво е навистина интересно да се разговара за сексот, но некои детали треба да останат во вашата спална соба. Големината на пенисот, фетишот кој вашиот сопруг го сака, неговите фантазии и слични интимни детали треба да останат тајна меѓу него и вас.

Loading...

4.Со кого би имале секс од друштвото

Некои брачни парови се шегуваат за тоа со кого би имале секс или со кого би немале од заедничкото друштво. Нормално е да се има фантазии, но опасно е да ги делите со другите. Ако на некоја пријателка ѝ кажете дека мечтаете да имате секс со сопругот на друга пријателка тоа може да доведе до непријатна ситуација. Затоа оваа работа немојте да ја делите со никој друг освен со сопругот.

Но, ако е љубоморен тип подобро да не ја делите ни со него.

Leave a Reply