Босанец се сретна со мечка и настана урнебесна снимка која го насмеа Балканот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Јади, не плаши се. Не плаши се, медо мој, твојот Паво нема да те дира, само ручај, ајде да ручаме, мецо моја, ајде…”, започнува со овие зборови објавеното видео на Фејсбук страницата на порталот Црна хроника.

Loading...

Во описот на ова видео пишува дека мечката се вдомила во селото Мир и Ступни До кај Вареш.

Мечката одвреме-навреме станува на две нозе, гледа наоколу, па скока, а Паво ѝ вели: „Не плаши се, драга, не ме дирај, не те дирам ни јас. Не се плаши, ајде, ручај, ајде“.

Делот кој ги насмеа сите што го погледнаа ова видео беше заклучокот на овој добар човек.

„При крај сме со пченката, но ќе се зајакнеме, ако даде Бог, утре ни е пензијата, дај Боже, не плаши се, оди овде, дојди…“, викаше тој, на што мечка истрча во шумата.