Боризовска останува во ЖРК Куманово

Сподели со своите пријатели

Женскиот ракометен клуб Куманово започна да се екипира во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а договорот го обнови со капитенот Александра Боризовска, која впрочем настапува и за македонската репрезентација.

Loading...

Во меѓувреме клубот се засили со Медеа Чокели која од дресот на ЖРК Пелистер, ќе премине во кумановскиот.

Селекторот Симе Симовски ќе го предводи кормилото, кое сезонава ќе настапува во домашниот шампионат и на меѓународна сцена во рамките на ЕХФ Купот.

Во следните денови управата ќе започне преговори и со останатите ракометарки кои ги посакува за новата сезона.

Leave a Reply