Британскиот премиер Борис Џонсон потврди дека британската армија ги обучува украинските сили.
Обуката се однесува на употреба на оклопни возила кои Британија ги испрати во Украина за да се одбрани од руската инвазија, пишува „Гардијан“.
Во Украина ќе бидат испратени 120 патролни оклопни возила
„Можам да потврдам дека ги обучуваме Украинците во Полска да користат системи за противвоздушна одбрана, а во Британија ги обучуваме да користат оклопни возила“, изјави Џонсон на новинарите во Индија.
Портпаролот на Џонсон изјави дека „неколку десетици“ украински војници моментално се во Велика Британија.
Тие ги обучуваат да користат оклопни возила донирани од Британија на Украина овој месец, изјави портпаролот.
Да потсетиме, Обединетото Кралство вети дека ќе испрати 120 патролни оклопни возила во Украина, вклучително и возила од типот Мастиф, кои можат да се користат за извидување и патрола.
Велика Британија, исто така, ќе ги обучува украинските војници за користење на самарјанската амбуланта и оклопните извидувачки возила Султан и Самсон.
Нов тип на опрема
Портпаролот на Џонсон изјави дека Велика Британија и нејзините сојузници испраќаат нови видови опрема во Украина, со која можеби досега не се сретнале.
– Разумно е да добијат соодветна обука за да можат на најдобар начин да ја користат таа опрема. Сè уште сме свесни за сите потези кои би можеле да се сфатат како ескалација, но јасно е дека режимот на Путин ја ескалира ситуацијата – додаде портпаролот.