Борел: Со помошта на Украина, ЕУ ги исцрпи своите воени резерви

Сподели со своите пријатели

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борел, предупреди дека Европската унија со снабдувањето на Украина со оружје ги исцрпила нејзините воени резерви.

Loading...

„Оваа војна беше и повик за будење за сите нас во однос на нашите воени способности. И дававме оружје на Украина, а потоа сфативме дека нашите воени резерви се исцрпени“, напиша Борел на својот неделен блог, пренесе ТАСС, пренесе Танјуг.

Во меѓувреме, Борел на својот Твитер профил истакна дека податоците од Агенцијата за одбрана на ЕУ (ЕДА) потврдуваат дека „Европејците трошат повеќе за одбраната“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во ЕУ во август се регистрирани 643.637 нови автомобили

„Сега мораме да трошиме подобро на одбраната и да соработуваме повеќе за да ја поддржиме Украина, да одговориме на итните потреби и да се подготвиме за иднината“, рече Борељ.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.