Борел: Русија со целни напади ги уништува украинските магацини и става милиони во опасност

Сподели со своите пријатели

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека Русија со секојдневни целни напади ги уништува украинските складишта за жито и пристанишната инфраструктура.

Loading...

– Русија секојдневно со целни напади ги уништува украинските магацини за жито и пристанишната инфраструктура. Продолжувањето на руската употреба на храната како оружје и суспензијата на иницијативата за жито во Црното Море влијае на глобалната безбедност на храната, ставајќи во опасност милиони луѓе – напиша Борељ на Твитер.

Командата на јужното крило на украинската армија претходно соопшти дека во синоќешниот напад со руски дронови на пристаништето во Одеса се повредени четворица пристанишни работници, а уништен е хангар со жито и магацини за друга стока.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОН тврдат: Руските напади врз украинската енергетска мрежа го прекршуваат хуманитарното право

Во една од производствените простории избувнал пожар, кој подоцна бил изгаснат, јави Интерфакс Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.