Борел: Путин го чека генералот Зима да дојде и да ѝ помогне на руската армија

Сподели со своите пријатели

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека земјите од Г7 имаат морална должност да ѝ помогнат на Украина, со потенцијално сурова зима на патот.

Loading...

„Доаѓа зима. Путин чека генералот Зима да дојде и да ѝ помогне на руската армија“, рече Борел по состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во германскиот град Минстер, посочувајќи на фактот дека рускиот претседател смета на зимата за да и помогне на својата армија.

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Борел, ја обвини Русија за „систематското уништување на Украина со бомбардирање и уништување на цивилната инфраструктура, откако војската на Москва не победи на бојното поле“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали ќе го поддржат неговиот мировен план? Зеленски во Вашингтон ќе се сретне со Трамп и Харис

„Милиони Украинци веќе немаат пристап до електрична енергија, а она што Путин е подготвен да го направи е да ја стави земјата во темнина за зимата“, рече Борел.

Тој додаде дека е обврска да продолжи да ја поддржува Украина, да и дава оружје за одбрана, да обезбеди економска и финансиска поддршка и да „посегне до целиот свет за да ги објасни причините и последиците од оваа војна“.

Овонеделниот состанок на најразвиените земји од Г7 ги собра лидерите на Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Обединетото Кралство и САД во Германија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.