Борел повика на одржување нови локални избори на северот на Косово

Сподели со своите пријатели

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, повика во четврток да се одржат нови локални избори на северот на Косово на кои би учествувале Србите.

Loading...

Изјавата на Борел уследи по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовската претседателка Вјоса Османи заедно со францускиот претседател Емануел Макрон.

„Имаме три јасни барања: нови локални избори сега, обезбедување учество на косовските Срби и почеток на работа за формирање на Заедницата на српските општини со дијалог и поддршка од ЕУ“, рече Борел.

„Ако не го направите тоа, тоа ќе има сериозни последици за нашите односи“, предупреди Борел.

Судирите првпат се случија во петокот кога специјалните единици на косовската полиција помогнаа да влезат новите градоначалници во општинската зграда во Звечан.

Потоа, во понеделникот, демонстрантите се судрија со војниците на КФОР, кога беа повредени 30 меѓународни војници и десетици демонстранти.

Од понеделник српските граѓани секојдневно протестираат низ општините на северот на Косово.

Српската листа на почетокот на ноември ги напушти сите косовски институции на северот на Косово поради одлуката за задолжителна пререгистрација на возилата од српски во РКС таблички и како резултат на тоа беа распишани вонредни избори.

Loading...