Борел: Погледот на ЕУ за Русија се промени во последните 48 часа

Сподели со своите пријатели

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека ставот на ЕУ за иднината на Русија се променил во изминатите 48 часа, наведувајќи дека политичката нестабилност и внатрешната кревкост на таа нуклеарна сила ја зголемува воената опасност што Москва веќе ја претставува.

Loading...

– Сега е јасно дека нашата визија за Русија е сосема поинаква. Тоа не е само закана бидејќи има воено способна да предизвика војна, што веќе ја покажа, туку и внатрешна политичка нестабилност – изјави Борел по состанокот на Советот на министри во Луксембург, пренесува „Гардијан“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп најверојатно ќе се сретне со Зеленски следната недела

Според него, ситуацијата останува сложена и непредвидлива, но заклучокот од дебатата е јасен и министрите за надворешни работи на ЕУ ќе продолжат да ја поддржуваат Украина „повеќе од кога било“.

– Потребно е време да се развие стратегија, со оглед на таквата состојба. Ние работиме на тоа. Мислам дека можеме да кажеме дека сите веќе ги анализираат можните сценарија кои би можеле да се развијат, но немаме готова стратегија – додаде Борел.

„Чудовиштето што се сврте против својот творец“

Тој изјави дека ЕУ е загрижена поради промената на улогата на платениците на „Вагнер“, кои претходно беа поддржани од рускиот претседател Владимир Путин во клучните делови на Африка, особено во Мали и Централноафриканската Република.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца загинати во пукање во Москва во близина на канцелариите на најголемата руска онлајн продавница

Борел претходно го опиша водачот на платениците на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, како „чудовиште што се сврте против својот творец“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...