Борел: Меѓународната заедница мора да биде цврсто обединета против тероризмот

Сподели со своите пријатели

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел денеска изјави дека меѓународната заедница мора цврсто да се обедини против тероризмот, по нападот во Москва во кој според последните информации загинаа повеќе од сто лица.

Loading...

„Најостро го осудувам грозоморниот напад што се случи синоќа во Москва. Тероризмот повторно гаѓаше невини луѓе. Меѓународната заедница мора да остане цврсто обединета во борбата против тероризмот“, изјави Борел на платформата Х, пренесува Танјуг.