Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска во Брисел, по средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, објави дека Кина има „морална обврска“ да придонесе за мирот во Украина.
Кина „не смее да биде на страната на агресорот“, рече Борељ, пренесува Ројтерс.
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг денеска изјави дека нејзината земја не учествува во конфликтот во Украина.
Пекинг е подготвен за дијалог со ЕУ во однос на Украина и силно и активно го поддржува мирното решение на кризата во оваа земја, рече таа.
Мао Нинг изрази надеж дека ЕУ ќе покаже „стратешка независност и политичка мудрост“ во решавањето на оваа криза и ќе преземе чекори кои водат кон долгорочна стабилност во регионот.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.