Борел: ЕУ ќе продолжи да работи на политичко решение на конфликтот во Судан

Loading...
Сподели со своите пријатели

Европската унија ќе продолжи да работи на политичко решение на конфликтот во Судан и покрај неодамнешната евакуација на дипломатскиот персонал и другите граѓани на ЕУ од земјата, изјави во понеделникот највисокиот дипломат на блокот Жозеп Борел.

– Мора да продолжиме да се залагаме за политичко решение. Не можеме да си дозволиме да се распадне Судан бидејќи тоа би предизвикало шокови во цела Африка – изјави Борел пред средбата со министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ.

Борел додаде дека амбасадорот на ЕУ во Судан се уште е во земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски за членството во ЕУ: Оние што најмногу не тапкаа по рамо, денеска не блокираат (ВИДЕО)

– Капетанот последен го напушта бродот. Тој е во Судан, но веќе не е во Картум – изјави Борел.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Судан можете да ги прочитате ТУКА.