Борел: Досега евакуирани над 1.000 луѓе од Судан

Loading...
Сподели со своите пријатели

Повеќе од 1.000 луѓе се евакуирани од Судан, изјави во понеделникот шефот за надворешни работи на ЕУ Жозеп Борел, заблагодарувајќи се на Франција за помошта во операцијата.

Борел им се заблагодари на земјите кои не само што ги евакуираа своите граѓани „туку и сите што можеа“.

Тој одби да даде точни информации за евакуираните.

Повеќе од 20 претставници на ЕУ кои работат во Судан се евакуирани и вратени во Европа, соопшти Европската комисија.

„Значи, тоа беше успешна операција, но сложена“, рече тој. Борел, исто така, ја истакна важноста на меѓународниот притисок за прекин на борбите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски за членството во ЕУ: Оние што најмногу не тапкаа по рамо, денеска не блокираат (ВИДЕО)

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Судан можете да ги прочитате ТУКА.