Борел: Договорот од Охрид ќе биде составен дел на европскиот пат меѓу Србија и Косово

Сподели со своите пријатели

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Јосеп Борел денеска изјави дека договорот постигнат во Охрид ќе биде составен дел од европскиот пат на Србија и Косово.

Loading...

„По долги разговори од 12 часа, успеавме да најдеме договор кој ќе биде составен дел од европскиот пат на Косово и Србија“, рече Бореl при пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, што се одржува денеска во Брисел.

Тој додаде дека документот ќе биде дел од преговарачките поглавја на Унијата со Србија, како и дека ќе биде дел од условите што треба да ги исполни Приштина.

Во саботата во Охрид, каде што се одржа средба во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина, Бореl најави дека денеска ќе ги извести министрите за разговорите што се воделе во Охрид и дека истото ќе го направи во четврток и петок на самитот на шефови на држави и влади на Европската унија.