Борел: Да се престане со решавање кризи и да се нормализираат односите

Сподели со своите пријатели

Во пресрет на денешната средба во Брисел со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, шефот на дипломатијата на ЕУ, Јосеп Борел, изјави дека е неопходно да се прекине решавањето на кризните ситуации и да се придвижи кон нормализација на односите.

Loading...

„Потребна ни е деескалација на ситуацијата, да го запреме постојаното управување со кризи и да почнеме да напредуваме кон нормализација на односите“, изјави синоќа Борељ на Твитер, пренесува Танјуг.

Борел потсети дека за денеска свикал итен состанок со Вучиќ и Курти во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Како што претходно соопшти Европската служба за надворешни работи, Борел денеска со почеток во осум часот наутро ќе има одвоени средби со Вучиќ и Курти, по што ќе следи заедничка средба.