20.02.2019 20:13

Борбениот пат на Третата македонска ударна бригада


Во февруари 1944 година на кумановско-врањскиот терен дошол другарот Светозар Вукмановиќ – Темпо, делеат на Врховниот штаб на ПОЈ и НОВ на Југославија и еден дел од главниот штаб на НОВ за Македонија. На овој терен дошле од Егејска Македонија, преку Круша Планина, Беласица, Огражден, Плачковица и Осогово, минувајќи во .тн. „февруарски поход“ придружен од баталјоните „Стив Наумов“ (битолски) и „Христо Ботев“ (бугарски). Целта на доаѓањето на другарот Темпо и другарите од Главниот штаб била да формираат поголеми единици од дотогашните баталјони и одреди на овој терен, па со заеднички сили: македонски, косовски и јужноморавски, да се прошири слободната територија и да се уништи Козјачкиот четнички корпус, кој имал околу 600 борци, а потоа сите сили да се фрлат на бугарската фашистичка војска, како и да се прошири востанието во другите краишта на Македонија.

На 26 февруари 1994 година, во селото Жегљане, кај Куманово, била формирана Третата Македонска ударна бригада, со околу 600 борци. Во нејзиниот состав влегле Првиот кумановски баталјон „Орце Николов“ и Кумановскиот ударен баталјон „Стив Наумов.

loading...

Веднаш по формирањето, во тесна соработка со Косовскиот одред и јужноморавските ударни баталјони, Бригадата за кусо време успеала да го уништи Козјачкиот четнички корпус.

По успешната акција против дажиќевските банди, другарот Светозар Вукмановиќ – Темпо на свечен начин ја формирал Шесттата јужноморавска бригада во Трговиште. Така, пред да започне пролетната офанзива на куманвоско-врањскиот терен се наоѓале Третата македонска ударна бригада, Шесттата јужноморавска, Седматта јужноморавска (формирана за време на офанзивата), Косовскиот, Кумановскиот, Врањскиот и Црнотравскиот одред. Под раководство на Главниот штаб на Македонија, сите овие сили стапиле во борба против Бугарите, уништувајќи ги нивните утврдени гарнизони.

Меѓу многуте борби што ги воделе овие единици до почнувањето на пролетната офанзива, се случиле: нападот на Ристовац, во ноќта помеѓу 27 и 28 март, кога Третата македонска ударба бригада и Косовскиот одред ја уништиле желенизчката станица, ја заплениле архивата на трите општини, што биле сместени таму, отепале 50 бугарски и заробиле 7 германски војници, биле уништени седум авионски мотори, шест камиони, три цистерни со бензин, а запленети биле три вагони тутун и други материјални. Наполно биле разурнати постојкките на железничката станица.

Бригадата и косовскиот одред потоа извршиле покрет кон Злетовските рудници и на 3 април таму ја нападнале бугарската посада.

Нападот успеал. Сосема биле уништени сите подземни и други постојки, електричната централа, машините за дробење руда и друго. Тука биле отепани околу 110 германски офицери и војници, а заробени над 50. Била запленета и поголема количина на оружје и муниција.

Во овој период јужноморавските единици извршиле многу успешна акција на Крива Феја (Врање), каде заробиле околу 300 бугарски полицајци кои веднаш биле разоружани и спратени во Врање со строга наредба веднаш да го напуштат Поморавјето и воопшто сета територија на Југославија. Поголем дел од нив ја напуштиле земјата.

loading...

Сите овие напади му нанеле осетни загуби на окупаторот, го кревале народот на масовно востание, го опфаќале поголемиот дел од Македонија и Јужна Србија, така што непријателот бил принуден да ја ангажира целата V фашистичка бугарска армија зајакната со полициски сили, но без особен успех.

Со цел да го спречи понатамошното ширење на востанието, да ја окупира слободната територија и да ги уништи нашите сили, непријателот ја започнува својата пролетна офанзива против Третата македонска, шесттата и седматта јужноморавска бигарада и против одредите.

Во оваа офанзива непријателог ги анажирал следните сили: 14, 17 и 29 дивизија, 13 пешадиски пол од Ќустендил, Првиот армиски и 41 пешадиски полк што се враќал од Грција, првиот и вториот коњанички полк засилени со брдската арилерија, потоа силни жандармериски и полициски единици. Вкупно 10 пешадиски и два коњанички полка.

Офанзивата започнала на Осогово и Козјак, а потоа се раширила на цела Источна Македонија, а се изведувала во две етапи.

loading...

Првата етапа траела до 19 мај и се изведувала на кривопаланечкиот, кумановскиот, враскиот и црнотравскиот терен.

Втората етапа започнала на 19 мај и завршила на 20 јуни 1944 година. Оваа етапа со право се смета како противофанзивна на нашите единици над непријателот на Осогово, Плачковица, Беласица и Круша Планина. Во неа на непријателот му биле нанесени големи загуби и му докажале дека нашите единици не само што не се уништени, туку нараснале, се засилиле ис танале способни да го бијат секаде, во секое време и во сите видови борба.

Пишува: Тихомир Милошевски

Извор: „Наш весник“ број 57 (среда, 26. февруари 1964. година)

loading...

© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments