Борба на титаните: Кумановци ги победија „Соколите“

Сподели со своите пријатели

Со резултатот 94:90 кошаркарите на Куманово славеа вчера за победата извојувана над Карпош Соколи во рамките на 17-то коло од Првата македонска кошаркарска лига.

Во четвртатта минута од натпреварот домаќините има двоцифрена предност, но низата грешки во редовите на нивниот тим ја искористија кумановци негативата ја сведоа на четири поени на крајот на првите десет минути од натперварот. Веднаш потоа со одличната игра на Костоски, КК Куманово дојде и до првото водство.

Караџовски имаше проблем да организира напад на своите соиграчи, што го искористија „Соколи“ за првото израмнување (26-26). Порасна позитивата и на „плус шест“ (39-33) за домаќинот што дуото Ракочевиќ – Трајковски брзо го анулираше за водство на гостите на десет секунди пред крајот на првото полувреме. Радоста кај вицешампионот ја прекина Кнежевиќ кој беше прецизен од поле за минимално водство од 41-40 со кое се замина на одмор.

Иако во второто полувмреме се дојде до ново водство на домаќините, сепак кумановци во последните десет минути влезе со три поени предност. Подоцна спотворно со играта на Костоски започна да расте позитивата на КК Куманово, а во драматичната ситуација се доближија и на резултат 91:90, за да на крај сепак кумановци резултираат победа со 94:91.

Пет изабарници на Страшко Тодоровиќ имаа двоцифрени резултати: Жарко Ракочевиќ  забележувајќи 20 поени. Трајковски беше стрелец на 19, Костоски уфрли 18 поени, Симоновски 13 поени, додека Андрејевиќ 10 поени.

Инаку ова е 12-та победа за КК Куманово, од 17-те одиграни оваа сезона, но и натаму сепак на третото место, зад Карпош Соколи, кои имаат 14 победи и 4 порази.